ФУДБАЛ

Ако некој мрази да игра против Левандовски, тогаш тоа е Борусија

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски најмногу сака да игра против својот поранешен клуб.

Левандовски денеска постигна три гола против Борусија во пресвртот на својот тим и победа од 4:2, иако гостите од Дортмунд претходно по девет минути игра водеа со 2:0.

Класата на полскиот мајстор уште еднаш докажа, колку всушност сака да игра против Борусија.

Имено, тој има постигнато 19 голови против Борусија на 14 натпревари досега, со кои беше двапати шампион на Германија. Левандовски оваа сезона постигна вкупно 31 гол во Бундеслигата и е убедливо најдобар стрелец на тој шампионат.

ПОВРЗАНО

Бундеслига