ФУДБАЛ

Ако ништо друго, на Пјаниќ му остана спомен фотографијата со Меси

Барселона синоќа во Севилја го освои 31-от трофеј во Купот на кралот.

Во финалето на ова натпреварување, во кое се убедливо најдобри од шпанските екипи, Каталонците го совладаа Атлетик Билбао со 4:0, а Миралем Пјаниќ, не доби можност да игра.

Освен што не беше во најдобрите 11, Пјаниќ претрпе вистинско понижување, бидејќи Роналд Куман го испрати на трибините. Како навивач, Пјаниќ уживаше во рапсодијата на своите соиграчи во другите 45 минути и во головите на Гризман, Меси (2) и Де Јонг.

После натпреварот следуваше вообичаеното славење и доделување на медали, а на Пјаниќ му останува фотографија со Меси како сувенир. Интересно, сите играчи на Барселона сакаа фотографија со Меси по големото финале и 31-от трофеј во Купот на кралот.

Пјаниќ дојде во Барселона ова лето во размена помеѓу Јувентус и Каталонците, а Артур тргна во спротивна насока. И додека Бразилецот игра редовно во Торино, Пјаниќ „не е на мапата“, особено во последно време.

Тој оваа сезона собра 28 настапи, од кои 17 во Ла Лига и 8 во Лигата на шампионите, но најмногу доби шанса од клупата за резерви. И, тоа добивање шанса престана пред неколку недели, а во поважните игри, Пјаниќ е скоро непостоечки за Роналд Куман.

ПОВРЗАНО

Ла Лига