Фудбалската сезона во Шпанија ќе продолжи на 13 јуни.
По долгата пауза предизвикана од коронавирусот, фудбалерите ќе се вратат на теренот за две недели, а до крајот на сезоната ќе ја гледаме големата трка меѓу Барселона и Реал Мадрид за титулата.
Каталонците се два бода предност пред Реал Мадрид на 11 натпревари пред крајот на сезоната и пред нас имаме голема трка за шампион.
Поранешниот претседател на каталонските гиганти, Гаспарт (2000-2003) смета дека сезоната не би продолжила доколку Реал Мадрид беше прв на табелата, но бидејќи Барса е прва, таа едноставно мора да се доигра.
“Ако Реал Мадрид водеше пред крајот на сезоната, јас сум убеден дека сезоната немаше да продолжи. Барса нема недостаток на почит и има многу од оние кои се против клубот”, рече Гаспарт.
Барселона ќе игра против Мајорка во првиот натпревар од продолжување на првенството, додека Реал Мадрид ќе биде домаќин на Еибар.