Еден од најдобрите тренери на сите времиња Карло Анчелоти ќе мора на тренерски курс доколку сака да продолжи со работа. Имено, неговата тренерска лиценца е истечена, која не е автоматски продолжена.
Според весникот Кориере дело Спорт тренерската лиценца на Анчелоти истекла на 31 декември 2021 година и доколку сака да остане на клупата на Реал Мадрид и да го води тимот во осминафиналето во Лигата на шампионите против ПСЖ, ќе мора повторно да полага тестови.