Милан фантастично ја отвори новата сезона во Серија А, па забележа четири победи на четири натпревари.
Росоњерите ја забележаа четвртата победа синоќа против Интер (2:1), а во исто време погодокот на Ромелу Лукаку беше првиот што го прими на четири натпревари.
Црвено-црните во моментов се лидери на табелата со 12 бода и нивната главна цел е пласман во Лигата на шампионите, иако Златан Ибрахимовиќ сепак верува во Скудетото и индиректно ја најавува борбата за трофејот.
И, исто така, традицијата го кажува истото. Милан започна четири пати во историјата со четири победи и секој пат ја освојуваше титулата.
Тоа се случи во сезоните 1950/51, 1954/55, 1992/93 и 1995/96.
Доколку се верува на традицијата, Милан оваа сезона ќе стигне до нова титула, иако повторно сите го гледаат или Јувентус или Интер како шампиони, па дури и Наполи.