ФУДБАЛ

Алаба: Атмосферата во тимот е навистина одлична

Дефанзивецот, Давид Алаба кој има договор со Баер Минхен до 2021 година, е задоволен од победата над Фортуна (5:0) во натпреварот од 29-то коло на германскиот шампионат.

Тој беше запрашан и за нов договор но изјави дека сега за сега е фокусиран на работата.

„Ние сме многу, многу амбициозни. Атмосферата во тимот е навистина одлична. Ние сакаме да победиме на секој натпревар, можете тоа да го видите на теренот. Јас се обидувам да му помогнам на тимот. Овде фудбалот е забавен“, изјави Алаба.

„Договор? Се обидувам да се фокусирам на најважната работа. Не поставивме рок. Ајде да видиме како работите ќе се движат во наредните недели“, истакнува Алаба.

Тимот од Минхен ја зголеми предноста на табелата во Бундеслигата пред второпласираната Борусија Дортмунд на 10 бодови.

ПОВРЗАНО

Бундеслига