Сагата околу продолжувањето на договорот на Давид Алаба со Баерн траеше долго, но на крајот тоа не се случи.
Рокот беше одреден одамна, а тоа беше 1 ноември, понудата беше на маса, но двете страни не успеаја да се договорат.
На крајот, претставникот на Алаба, Пини Захави, не ги прифати условите кои ги поставија од Баерн, па затоа е јасно дека Алаба наскоро ќе го напушти Баерн.
После тоа, Алаба изјави дека дознал за сè од весниците, а тоа многу ги налути челниците на Баерн, кои не веруваа во тоа што го зборува нивниот фудбалер.