Австрискиот репрезентативец Давид Алаба одлучи да го напушти Баерн Минхен и очигледно од лето ќе биде жител на Мадрид.
Алаба денес потврди дека го напушта Баерн на крајот од сезоната и, иако не го откри тоа, сите медиуми пишуваат дека Реал е неговиот нов клуб. Тој наводно постигнал усмен договор со Кралевите и наскоро ќе го потпише истото.
Станува збор за четиригодишна соработка според која Алаба со бонуси ќе заработува 12 милиони евра по сезона.
Експертот за трансфери, новинарот Фабрицио Романо, тврди дека Алаба имал пет различни понуди од клубовите во Премиерлигата и Ла Лига во последните два месеци, но дека Реал бил најспецифичен.
Исто така, се наведува дека Реал Мадрид е на пат да го договори доаѓањето на дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Арон Ван-Бисака, кого го смета за главна опција на позицијата десен бек.
Реал, исто така, ќе се обиде да го купи Ерлинг Халанд или Килијан Мбапе на лето и се чини дека се работи многу за да се формираат нови Галактикоси.