ФУДБАЛ

Алаба: Го почитувам Баерн, но во Реал се е за нијанса поголемо

Австрискиот репрезентативец Давид Алаба (29) ја спореди германската Бундес лига со шпанската Примера како и неговиот поранешен клуб Баерн со сегашниот Реал Мадрид.

Давид Алаба летово не сакаше да потпише нов договор со Баварците во чии редови, како што вели, мина 13 прекрасни години. Наместо тоа, тој ја прифати понудата да го облече дресот на уште еден европски и светски великан, Реал Мадрид.

Одлично се снајде на почетокот на новата кариера. Тој беше стартер на 13 од 14 натпревари на кои настапи во белиот дрес на кралскиот клуб. Тој особено ги воодушеви навивачите на Реал откако постигна гол во победата над најголемиот ривал Барселона на „Камп Ноу“ на 24 октомври.

Шпанските медиуми се интересираа за неговата споредба на Реал Мадрид со Баерн:

„Двата клуба секогаш се борат за највисоките цели. Баерн е еден од најголемите клубови во светот, како и Реал Мадрид. Нема многу што би ги разделило. Но, овде во Мадрид, со должна почит кон Баерн, се е за нијанса поголемо“, вели Давид Алаба.

Австриецот ги спореди и двете лиги.

„Тешко е да се каже која лига е посилна или потешка за играње, во секој случај има разлики. Во Шпанија дури и тимови како Леванте и Алавес се обидуваат да играат фудбал. Како централен дефанзивец имам помалку дуели во воздух по шутирање на топката отколку во Бундеслигата. Таму подиректно се игра. Во Шпанија, пак, многу се води сметка за поседот на топката, дури и за тимовите кои се на дното на табелата“, истакна Давид Алаба.

Со Баерн освои дури 27 трофеи, од кои 10 титули во германскиот шампионат и две ЛШ.

ПОВРЗАНО

АБА ЛигаБундеслига