Дефанзивецот на Интер, Милан Шкринијар ја одби актуелната понуда на клубот за продолжување на соработката.
„Скај Спортс“ открива дека Интер на Словакот му понудил нов долгогодишен договор со плата од 6,5 милиони евра по сезона, но дека Шкринијар и понатаму бара осум милиони.
Тој му порача на клубот дека нема да ја прифати понудата што е на неговата маса, но дека заминувањето не е дефинитивна одлука.
Со тоа Словакот ги остави отворени прашањето и преговорите, но ја префрли топката на половината од управата која сега треба да ја зголеми понудата.
Шкринијар лесно ќе најде клуб, ПСЖ се уште го чека со раширени раце, бидејќи Кристоф Галтие во него гледа идеална замена за Серхио Рамос.
Интер наводно истражува опции и решенија доколку не успее да се договори со Словакот, но засега не се споменуваат имиња.
Сигурно дека слободното заминување на Шкринијар би било голем удар за тимот на Симоне Инзаги.
