ФУДБАЛ

Аларми во Париз: Мбапе го пропушти тренингот поради болест

ПСЖ ќе ја пречека Борусија Дортмунд пред празните трибини на „Паркот на принцовите“ во повратниот натпревар од 1/8 финалето од Лигата на шампионите во среда.

Денешниот тренинг на ПСЖ го промаши Килијан Мбапе, еден од најдобрите и најважните играчи во тимот од Париз.

„Ле Парисиен“ известува дека големиот Французин го пропуштил тренингот бидејќи е болен, поточно има проблем со грлото.

Парискиот весник наведува дека Мбапе утре ќе се врати на тренинзите, но неговиот настап против германскиот тим не е загарантиран.

Колку е важен овој 21-годишник за игра во ПСЖ, најдобро го покажува и фактот дека тој досега успеа да постигне 30 голови и да запише 17 асистенции.

На првиот натпревар одигран во Дортмунд, Борусија славеше со 2:1 и фаворизираниот шампион на Франција сигурно нема да има лесна задача за да продолжи понатаму.