Барселона ја совлада Осасуна со 1:0 во натпреварот од 33.коло на шпанската Ла Лига.
Каталонците се мачеа во првото полувреме, а за првпат по доаѓањето на Чави на клупата, првите 45 минути ги завршија без удар кон голот.
Имаа дури и бројчана предност на теренот откако Херандо доби директен црвен картон во 27. минута.
¡Lo tenemos a tocar! 😍 pic.twitter.com/QEGtq41Iok
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) May 2, 2023
На само пет минути до крајот Барса успеа да го скрши отпорот на гостите. Алба го постигна својот втор гол сезонава на асистенција на Де Јонг, доволно за неговиот 26-ти триумф сезонава.
Тимот од Каталонија сега има 14 бода повеќе од Реал, на пет кола до крајот.
Воедно Алмерија со 2:1 го совлада последнопласираниот тим од Елче лигата.
