ФУДБАЛ

Алба: Сакам Лопетеги што е можно подолго да остане на клупата на Реал

Жорди Алба од Барса се надева дека Јулен Лопетеги ќе остане тренер на Реал Мадрид.

Барселона сега го чека дуелот со Интер во Лигата на шампионите (среда), а потоа ќе игра против Реал Мадрид во големиот шпански дерби.

Алба најпрвин зборуваше за Интер, кој исто како и Барселона има шест бода по две кола од Лигата на шампионите.

“Имаме шест поени, како и Интер, но сакаме да бидеме лидери. Ова ќе биде тежок натпревар, но со поддршка од навивачите може да дојдеме до три поени, со цел да се продолжи серијата победи.” Вели Алба, но додаде:

“Загубата на Лео тешко ни падна, но ние треба да го покажеме вистинското лице и дека на теренот можеме да функционираме и без него”.

Дали Јулен Лопетеги направи грешка кога ја напушти Шпанија за Реал Мадрид пред почетокот на СП?

“Сите луѓе донесуваат одлуки. Намерата на Јулен беше да го заврши Светското првенство, и да потпише за Реал, но потоа одлучија да го сменат. Имам одличен однос со него и лично многу ми помогна. Се надевам дека ќе остане во Реал Мадрид. Не ми се допадна што отиде на клупата на мојот ривал, но се надевам дека долго ќе биде таму. Тој го заслужува тоа, тој е вистински професионалец “, вели Алба.