Дефанзивецот на Тотенхем, Тоби Алдервеирелд откри дека Жозе Мурињо е „виновен“ за останувањето во клубот.
Има многу шпекулации дека белгискиот фудбалер ќе го напушти Тотенхем, особено поради интересот на многу клубови, но минатиот декември потпиша нов договор.
Алдервеирелд сега откри дека токму Мурињо го убедил да остане.
“За мене, Мурињо е неверојатен менаџер за играчи, некој за кој би патувале осум часа на натпревар во недела откако ќе ви се роди син. Имаш такво чувство кога си со него, не сакате да го разочарате. Бев среќен во клубот пред тоа, но сега е на поголемо ниво“, рече Олдервеирлд.
Тој брзо постигна договор со Тотенхем.
„Кога Мурињо ми пријде и ме праша дали сакам да останам, немаше дилема. Работите брзо се решија затоа што и тој ги забрза“, истакна тој.
Белгиецот е во Тотенхем од 2015 година. Тој во текот на целата кариера претходно играше за Атлетико Мадрид, Саутемптон и Ајакс.