ФУДБАЛ

Алегории со многу почит кон Јанг Бојс

Јувентус денес во Лигата на шампионите ќе игра против Јанг Бојс и ќе има можност да запише нова, втора победа.

Иако го нема Кристијано Роналдо, Старата дама е сè уште голем фаворит, но тренерот Масимилиано Алегри зборуваше со голема почит за швајцарскиот шампион.

“Мораме да ги почитуваме Јанг Бојс, кој имаат одличен тренер и имаат постигнато многу победи оваа сезона, тие играат добро со долги топки и се физички доминантни. Ќе мораме да бидеме внимателни”, рече Аллегри, додавајќи:

“Не ми се допадна последните 20 минути против Наполи. Престанавме да трчаме и дозволивме шанси, но денеска мораме тоа да го елиминираме и да освоиме нови три бода”.

Бианконерите оваа сезона славеа на сите натпревари, а во првиот круг од Лигата на шампиони ја победија Валенсија со 2:0.