Освен доколку Манчестер Јунајтед не постигне договор, италијанскиот тренер би можел да ги преземе „Росонерите“.
Масимилијано Алегри би можел да се врати во Милан следното лето.
Веста ја објави италијанскиот портал „Калчомеркато“.
Неодамна се шпекулира дека италијанскиот тренер ќе го преземе Манчестер Јунајтед во текот на следното лето.
Но, ако тој договор не успее, тогаш поранешниот тренер на Јувентус би можел да се врати на „Сан Сиро“.
Алегри работел извесно време во Милано, каде имал успешно искуство.
Од друга страна, покрај него, Јунајтед ја има и опцијата на поранешниот тренер на Тотенхем, Маурисио Почетино.