Јувентус во рамките на италјанскиот куп игра против лутиот градски ривал Торино, натпервараување во кое редовно шанса добива Војчех Шчесни кој за волја на вистината, во последно време имаше и фантастични настапи во Серија А во отсуство на повредениот Џанлуиџи Буфон. Токму името на полскиот чувар на мрежата беше едно од најспоменуваните на денешната прес-конференција која ја одржа Масимилијано Алегри, кој во своето обраќање пред новинарите јасно потенцираше дека Шчесни е голманот кој ќе го замени Буфон кога овој ќе одлучи да замине во пензија.
Шчесни е наследникот на Џиџи Буфон, јас веќе во неколку наврати се обидов да го најавам тоа, а еве сега повторно го кажувам. Јувентус направи навистина добра зделка со неговиот ангажман. Навистина сум многу среќен, а посебно ме радува врската која ја имаат. Нивниот однос е фантастичен, се почитуваат обострано и се однесуваат како вистински професионалци. Не гледам никаков проблем, тој е вистинскиот заменик на Буфон. Донарума е младо момче кое треба допрва да се развива во голман, а покрај тоа, тој е играч на Милан. Донарума не му е потребен на Јувентус. – појаснува Алегри.