Поранешниот тренер на Милан и Јувентус, Масимилиано Алегри треба да биде подготвен да се врати во фудбалот по една година без работа. Тој е мета на ПСЖ, пренесуваат италијанските медиуми.
Италијанскиот тренер ги наполни батериите во текот на минатата година и, според „Газета дело“ Спорт, ја чека најдобрата можност да се врати.
Тој би сакал работа во Италија заради семејството, но ќе биде тешко да се најде оној што ги исполнува неговите очекувања во Серија А, пренесува италијанскиот весник.
Во последните неколку недели се шпекулира дека тој може да биде назначен за менаџер на Манчестер Јунајтед во Премиер лигата.
Но, според Ла Стампа, Алегри би можел да го замени Томас Тухел на клупата на ПСЖ, бидејќи се вели дека спортскиот директор на парижаните, Леонардо, веќе има договор со 52-годишниот.