ФУДБАЛ

Алегри го исфрли Погба од тимот пред Фрајбург

Фото: Juventus Fc - Ac Monza Paul Pogba of Juventus Fc during the Serie A match beetween Juventus Fc and Ac Monza at Allianz Stadium on January 29, 2023 in Turin, Italy . Torino Allianz Stadium Italy Copyright: xMarcoxCanonierox

Францускиот фудбалер Пол Погба беше исфрлен од тимот на Јувентус пред натпреварот против Фрајбург во осминафиналето на Лигата на Европа.

Според италијанските медиуми, францускиот играч за врска ги прекршил дисциплинските прописи на клубот.

Погба доцнеше на тренинг во средата навечер, а тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри реши да го казни со тоа што го остави надвор од тимот.

29-годишниот француски фудбалер минатото лето се врати во Јувентус како слободен играч, а оваа сезона забележа само два настапи.

Тој имаше сериозна операција на коленото поради која го оддалечи од терените, а неодамна „Скај Спортс“ објави дека Јувентус планира да го продаде Погба во следниот преоден рок.

Јувентус од 21 часот го пречекува Фрајбург во првиот осминафинален натпревар од Лигата на Европа.