ФУДБАЛ

Алегри: Голот на Роналдо беше магичен момент

Фудбалерите на Јувентус денеска гостуваа кај Емполи во рамки од 10. коло на Серија А.

Емполи имаше предност и простор за радост од 28. минута кога дојде до водство се до 52. минута кога Роналдо изедначи, а во 70. минута Роналдо го постигна победничкиот гол за пресврт на натпреварот.

Роналдо на овој натпревар уште еднаш покажа дека не се важни годините ако се има желба и го оправда трансферот вреден околу 100 милиони.

Алегри по натпреварот не го криеше воодушевувањето од победата и од голот на Роналдо.

–Им кажав на фудбалерите дека ова е натпревар кој мора да го добиеме, без разлика колку ќе ни биде тешко. Голот на Роналдо беше магичен момент од фантастичен фудбалер и е потег кој децата ќе се обидат да го копираат во училишните дворови, – истакнал Алегри.

Јувентус по одиграни 10. колa се наоѓа на првата позиција со девет победи и едно реми, поточно има 28 бода.

ПОВРЗАНО

Серија А