Фудбалерите на Јувентус синоќа беа надиграни во Фиренца, но успеаја да ја совладаат Фиорентина со 1:0 , да ја забележат четвртата победа во низа и да ја продолжат потрагата кон лидерот Интер.
Овој триумф добива уште поголема тежина, ако се земе предвид фактот дека Јуве точно пет години не славеше на „Артемио Франки“.
По 11 одиграни кола во Серија А, лидер е Интер со 28 бодови, Јувентус има 26, Милан 22, а бранителот на титулата Наполи 21 бод.
„Старата дама“ сезонава не игра убав фудбал, далеку од тоа, но реди победи и се чини дека ќе бидат конкурентни во шампионската трка.
Сепак, тренерот Масимилијани Алегри во свој стил ја „испушта топката“ и истакнува дека Јувентус не размислува за Скудетото.
„Секогаш треба да гледаме напред, но тоа не значи скудето. Интер, Милан и Наполи се подобро „опремени“, поконсолидирани и градиме тим со млади и неискусни играчи“, рече Алегри .
Јувентус пред репрезентативната пауза му гостува на Фросиноне, а потоа на 26 ноември ќе го одигра „Дербито на Италија“ со Интер, а потоа ќе има можност да седне на врвот на табелата.
„Натпреварот против Интер не значи ништо, ова е многу долга сезона и мораме да работиме на поправање на играта. Интер со години гради да го освои Скудетото“, објасни Алегри.
