ФУДБАЛ

Алегри: Јуве не е кандидат за титулата, Влаховиќ можеби ќе одмара

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри пред натпреварот со Емполи зборуваше за борбата на неговиот тим за Скудетото, како и за можните промени во составот на тимот.

Јувентус моментално има девет бода помалку од лидерот Милан и победата над Емполи е императив за Старата дама, доколку сака да остане во некаква трка за титулата.

„Ова е дефинитивно игра што треба да се победи. Никогаш не е лесно да се игра во Емполи, а тие сепак не победија во Торино. Тие се многу силни во средината, немаат проблеми на табелата и секако се незгоден ривал“ – изјави Алегри.

Тој негира дека тимот е кандидат за Скудетото.

„Ние не сме кандидати за титулата. За трофејот ќе бидат потребни 85 бода, а тоа не можеме да го постигнеме. Но, ни претстои трка за уште некој трофеј, во полуфиналето сме во Купот на Италија, играме во Лигата на шампионите. Ни треба континуитет на добри игри.“

Тој најави дека Влаховиќ би можел да одмора по пет последователни старта.

„Кин може да игра. Ако е така, Мората или Влаховиќ ќе одморат.“