Јувентус новата сезона ќе ја стартува во Верона, во натпреварот против Киево.
Тренерот на „Старата дама“ Алегри дека од првата минута на утрешниот натпревар ќе игра Кристијано Роналдо, а веројатно и Леонардо Бонучи, но истакна дека се уште има некои недоумици.
„Утре ќе започнат Роналдо, Шчесни, Пјаниќ, Кансело и Алекс Сандро. За останатото се уште размислувам. Сите се во добра форма“, рече Алегри.
Смета дека Роналдо добро ќе се вклопи во тимот на Јувентус.
„Роналдо освои пет Златни топки и се уште сам себе си се „турка“ напред. Во овие 15 дена ми е јасно дека е поинаков од другите. Останатите не смета да паднат знаејќи дека во екипата го има Роналдо. Тој само ќе ни помогне со тимската игра да ги добиваме натпреварите“, истакна Алегри и додаде:
„Единствено ни е потребна победа против Киево. Мораме да ги земеме трите бода“, порача Алегри.