ФУДБАЛ

Алегри му постави услов на Јунајтед: Може, но веднаш …

Масимилијано Алегри постави интересен услов за Манчестер Јунајтед.

Алегри веќе долго време се споменува како потенцијален менаџер на „црвените ѓаволи“ од „Олд Трафорд“, но раководството на тимот сè уште има доверба во Солскјер.

Сепак, како што се влошуваат резултатите, Солскјаер многу лесно може да стане екс, а Алегри е главен кандидат за преземање на англиските великани.

Сепак, италијанскиот стручњак постави јасен услов. Тој ја сака работата веднаш, односно во следните неколку недели или за ништо не се договара.

Ќе видиме дали на крајот Италијанецот ќе седне на менаџерска позиција во Јунајтед. Солскјер е обврзан со тригодишен договор и неговото заминување би значело и многу надоместоци што клубот би морал да ги плати.

„Дејли мејл“ утрово објави дека Манчестер е заинтересиран и за ангажирање на германскиот стручњак Џулијан Нагелсман.

Преговорите со 32-годишниот специјалист веќе започнаа, а тој треба да биде клупско решение за неколку години.