ФУДБАЛ

Алегри: Не можевме енергично да му парираме на Наполи

Јувентус доживеа тежок дебакл во Неапол и најверојатно испадна од трката за Скудетото. Тренерот на Старата дама, Масимилијано Алегри, истакнува дека неговиот тим не бил на потребното ниво.

– Прво, мораме да му честитаме на Наполи. Не одговаравме на енергијата. Но, не смееме да паднеме во депресија и мора да продолжиме понатаму. Има долг пат до крајот на првенството, има уште многу бодови за освојување и мора да продолжиме да работиме – изјави Алегри.

Но, впечатокот е дека ова е сепак многу болно. Можеби најболниот пораз во неговата кариера.

– Заслуживме да загубиме. Лесно се читаа ситуациите во кои примаа само голови. Но, понекогаш имате среќа, понекогаш не. Не треба да висиме глави, сепак можеме да се гордееме со осум последователни победи. Мора да се вратиме на вистинскиот пат во Серија А, а тука е и Копа Италија.

Со овој пораз Наполи го остави Јувентус на 10 бода зад себе.

ПОВРЗАНО

Серија А