Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри е задоволен од резултатот на дербито со Наполи, но не е импресиониран од играта на неговите избраници.
Јувентус синоќа го победи Наполи со 1:0 во натпреварот од 15. коло на Серија А.
– Победата на овој натпревар беше многу важна, бидејќи ни овозможи да се одлепиме од Наполи на 12 бодови разлика. Треба да продолжиме да напредуваме бидејќи сè уште правиме премногу технички грешки. Во првото полувреме момците играа добро, а во тешките моменти тимот се претвора во гранитна блока, изјави главниот тренер на клубот од Торино, Масимилијано Алегри.
Во пресрет на другите натпревари од 15. коло на Италијанското фудбалско првенство, Јувентус е лидер со 36 бодови, Интер е втор со 35, следуваат Милан со 29, Рома со 24, Наполи е петти со 24 бода.
