Според бројните извештаи во италијанските медиуми, Масимилијано Алегри е подготвен да се врати во Серија А.
Алегри долго време беше слободен тренер откако претходно ги водеше Милан и Јувентус со многу успех, а сега се очекува повторно да биде на клупата на италијански тим.
Имено, Алегри е подготвен да ја преземе Рома, која е во криза и чиј тренер Пауло Фонсека е се поблизу до отказ.
Кориере дело Спорт пишува дека челниците на Рома веќе се во контакт со Алегри за да го убедат да дојде во Рим, иако претходно се поврзуваше со ПСЖ и Челзи.
Алегри ја освои лигата со Милан во сезоната 2010/11, а потоа освои дури пет Скудета и четири купа на Италија на клупата на „Старата дама“.