ФУДБАЛ

Алегри вечерва има насмевка од уво до уво

Макс Алегри оваа есен беше мета на жестоки критики поради лошите резултати и неатрактивната игра на Јувентус.

Под знак прашалник беше и пласманот во Лигата на шампионите, но по вечерашните резултати Алегри има причина да се насмевнува од уво до уво.

Имено, директните ривали за четвртото место Аталанта и Рома не успеаја да забележат победи, па Старата дама го зацементира четвртото место.

Аталанта одигра само 0-0 против Џенова, а Рома исто така ремизираше. Натпреварот на гости кај Удинезе заврши 1:1.

Сега Јувентус е на четвртото место со 56 бодови, а петтото го делат Рома и Аталанта со 8 бода заостанување, а меч помалку има тимот од Бергамо.

Инаку, Бјанконерите се во позитивна серија од 15 натпревари без пораз. Некои ги гледаат како таен освојувач на Скудетото, но Алегри продолжува да тврди дека приоритет е пласманот во Лигата на шампионите.