Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри изјави дека Рома е „вистинскиот клуб“ за Пауло Дибала.
Аргентинскиот напаѓач летово по истекот на договорот се раздели со Јувентус, а иако беше блиску до Интер, на крајот потпиша за Рома.
„Верувам дека тоа е вистинскиот клуб за него и му посакувам многу среќа. Тој е играч кој му даде многу на Јувентус и мислам дека ќе направи многу добро во Рома“, изјави Алегри за DAZN.
Запрашан да објасни зошто чувствува дека Рома е вистинскиот клуб, Алегри одговори: „Тој е многу технички квалитетен играч, заедно со Теми Абрахам. Потоа го имате менаџерот Жозе Мурињо, кој е многу добар“.
Дибала претходно му се приклучи на Јувентус во 2015 година на крајот од првата сезона на Алегри како тренер на Старата дама.
Тие ја освоија двојната круна во нивната прва заедничка сезона, повторувајќи го подвигот во секоја од следните две сезони – дури и стигнаа до финалето на Лигата на шампионите во 2017 година.
Во последната сезона од првиот ангажман на Алегри во клубот, тие „само“ се задоволија со титулата во Серија А, но не успеаја да освојат ниту еден трофеј минатата сезона, кога поранешниот тренер на Милан се врати во клубот од Торино.