ФУДБАЛ

Алегри запре голем трансфер: Премногу е 10 милиони по сезона

Новиот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри го прекина веќе договорениот трансфер на италијанскиот репрезентативец Џанлуиџи Донарума ова лето.

Според „Газета дело Спорт“, Донарума и Јувентус имале договор за трансфер, но на крајот Алегри се откажал од работата.

Причината е платата што Џиџи требаше да ја има меѓу „бјанконерите“ од 10 милиони евра по сезона.

“Јувентус имаше договор со Донарума. Играчот не потпиша бидејќи Макс Алегри сметаше дека бројката од 10 милиони за плата е превисока”, пишува Газета.

На крајот, Донарума се пресели од Милан во ПСЖ, додека Војчех Шчесни остана првиот голман на Старата Дама.