Италијанскиот калчо гигант Јувентус успеа во намерата да ја продолжи соработката со бразилскиот интернационалец Алекс Сандро. Челниците на “старата дама” и официјално потврдија дека ја продолжиле соработката со офанзивниот бек кој прифатил да остане во Торино до 2023 година.

Според новиот договор, повремениот репрезентативец на Бразил ќе има годишна плата не помала од 5 мил. евра, а кога е во прашање ослободителната клаузула, истата може да биде активирана само со понуда која нема да биде помала од 120 мил. евра.