Синоќа Ливерпул го доби дербито на колото против Тотенхем, а победничкиот погодок беше постигнат во 90-та минута.
Натпреварот беше проследен со дискусија помеѓу Клоп и Мурињо во која тренерот на Тотенхем изјави дека подобриот тим загубил.
На сето ова реши да одговори Трент Александар-Арнолд, кој на својот Твитер профил го „боцна“ Мурињо.
„Најдобриот тим победи“, напиша Александар-Арнолд.
Best team won 😊 pic.twitter.com/5GTGhquOcj
— Trent Alexander-Arnold (@TrentAA) December 16, 2020