ФУДБАЛ

Алексис Санчез се враќа во Манчестер Јунајтед

Алексис Санчез моментално е на позајмица во Интер, но според „Дејли телеграф“, Интер нема да го продолжи закупот на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез за уште една сезона.

Санчез бара клуб каде ќе има повеќе минутажа, а италијанскиот клуб смета дека 31-годишниот Чилеанец нема да го добие потребното време за играње.

Во сезоната 2019/20, Санчез забележа 1 гол и даде 1 асистенција на 15 натпревари за Интер.