ФУДБАЛ

Алфонсо Дејвис итно пренесен во болница

Фудбалерот на Баерн, Алфонсо Дејвис нема добро да го памети дерби натпреварот против Борусија Дортмунд.

Канадскиот фудбалер доби силен удар во главата на крајот од првото полувреме. Невнимателниот Џуд Белингем силно го удри.

Дејвис ја упати топката со глава, Белингем беше многу невнимателен и со жесток удар брутално го нокаутира несреќниот дефанзивец на Баерн.

Дефанзивецот на Баерн заврши на тревата. Нему му беше укажана помош на теренот и беше принуден да го напушти натпреварот.

Повредата очигледно не е безопасна. Дефанзивецот на баварскиот гигант итно е префрлен во болница каде му е укажана помош.

Првите информации говорат дека се работи за потрес на мозокот, но дефинитивно треба да ја почекате официјалната информација од Баерн.

Сè треба да се знае многу брзо и секако се надеваме дека се ќе биде во најдобар ред со одличниот играч на Баерн.

Во изминатата година и пол одличниот лев бек имаше бројни проблеми и често отсуствуваше од терените. Еден од проблемите беше брзиот пулс поради кој пропушти добар дел од минатата сезона.

Тој се врати целосно фит оваа сезона. Сепак, се чини дека по овој удар повторно ќе мора да паузира и сигурно ќе биде надвор одредено време доколку се работи за потрес на мозокот.

Канадскиот фудбалер е една од големите аквизиции на Баерн. Го „ископаа“ во Ванкувер и се испостави дека направиле неверојатен потег потпишувајќи го.

Дејвис пред три години стана незаменлив член на стартниот тим на Баерн, а 21-годишниот фудбалер веќе одигра 126 натпревари за Баварците и освои се што можеше.