ФУДБАЛ

Алијанц Арена осамна без тревник, пет дена до натпреварот Баерн ќе направи „чудо“

Секој што фрли поглед на веб-камерата од Алијанц Арената на почетната страница на Баерн во неделата, виде необична слика. Наеднаш немаше трева на стадионот и само пет дена пред натпреварот против Аугсбург.

Имено, по НФЛ натпреварот пред седум дена помеѓу Каролина Пантерс и Њујорк Џајантс, беше одлучено теренот целосно да се замени. До саботата, работниците сè уште беа зафатени со отстранување на старата, истрошена трева и транспортирање во ролни до баварскиот младински кампус за секундарна употреба. Но, дали останува доволно време за поставување на новата трева на Алијанц Арената пред натпреварот против Аугсбург?