ФУДБАЛ

Алими: Бев изненаден од повикот на селекторот Милевски

Исник Алими кој за прв пат беше стартер во селкцијата на Македонија, по победата над Малта изјави дека се чувствува убаво.

„Да бидам искрен и јас бев изненаден од повикот на селекторот Милевски, но со многу желба ја прифатив поканата и сега сум навистина пресреќен што сум одлично прифатен во соблекувалната. Овој натпревар со Малта секако е посебен за мене затоа што првпат бев стартер. Мора да го истакнам и дебито против Италија и одличниот резултат против европскиот шампион. Убаво е навистина чувството после една ваква победа. Можеби и ние самите не очекувавме дека ќе имаме предност од 0-2 веќе на полувремето, но максимално се подготвувавме за овој меч. Посакувавме три бода и го исполнивме планот“, изјави Исник Алими.