ФУДБАЛ

Алиоски во новиот клуб ќе игра со Бразилецот Паулињо

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски договори двегодишна соработка со Ал Ахли од Саудиска Арабија. Според информациите од Италија, кои ги пренесе спортскиот новинар кој важи за добро упатен за трансфери, Руди Галети, нашиот фудбалер ќе добие 5 милиони евра за две години.

А, таму ќе игра со поранешниот фудбалер на Барселона и Тотенхем, секако и бразилската репрезентација, Паулињо. Како што објавија светските медиуми тој кариерата ќе ја продолжи во Ал Ахли каде се договорил на тригодишна соработка. 32-годишниот фудбалер во овој клуб доаѓа како слободен играч откако му заврши соработката со Гванжу од Кина.

 

ПОВРЗАНО

Езѓан Алиоски