Македонскиот репрезентативец Еџан Алиоски во интервју за порталот на ФИФА зборуваше за неговата кариера, за пласманот на ЕП, но вели дека следната цел е Мундијалот во Катар.
-Како што секое дете што го сака фудбалот, така и јас пораснав сонувајќи дека еден ден ќе играм на големо натпреварување – Лига на шампиони, Европско првенство, Светско првенство…Едната желба ми се оствари, па сега ќе се борам за настап во Лигата на шампионите и на Светското првенство. Со победата над Германија мора да веруваме дека можеме да се пласираме на Светското првенство во Катар. Според мене Македонија е поквалитетна од Романија, Исланд и од другите селекции во групата. Следен чекор на Македонија е пласман на Светско првенство“, рече Алиоски.