Голманот на Ливерпул, Алисон го пофали тренерот Јирген Клоп, велејќи дека ги третира сите свои играчи исто и дека го револуционизирал англискиот клуб.
Германскиот селектор ги водеше „црвените“ кон титулата во Премиер лигата оваа сезона, завршувајќи го 30-годишниот период без титулата англиски шампион.
После освојувањето на Лигата на шампионите, Светското клубско првенство и Европскиот Супер куп минатата година, Клоп го продолжи својот успех на „Енфилд“ оваа година, по назначувањето за тренер во октомври 2015 година.
Бразилецот Алисон верува дека 53-годишниот тренер успеал успешно да управува со Ливерпул во овој период.
„Тој ги третира сите подеднакво и тоа е голема заслуга за него. „Никој не е посебен, секој играч се третира на ист начин“, рече Алисон.
„Не можете да најдете во тимот играч со его поголемо од другите во тимот. Верувам дека ова го отсликува клубот и она што Клоп го донесе овде. Тој го револуционизираше клубот во последните години“.