Јувентус ќе ја отвори новата сезона на Лигата на шампионите со гостување на Местала, каде што во елитата ќе ги измери силите со повратникот – Валенсија.
Италијанскиот шампион во дуелот со лилјаците влегува како фаворит, но отежнување на околностите за Алегри може да биде тоа што Паоло Дибала е под знак прашалник.
Аргентинскиот фудбалер, кој со години се смета за еден од најдобрите играчи во Јувентус, ја повреди левата нога на натпреварот против Сасуоло (2:1) и се уште не е познато дали ќе биде подготвен за претстојниот дуел.
Дибла вчера беше на преглед и го пропушти тренингот, додека сите други играчи тренираа со полн интензитет.
Јувентус во Група Х во Лигата на Шампионите покрај Валенсија ќе игра со Јанг Бојс и Манчестер Јунајтед, со кој најверојатно ќе се бори за првото место.