Ал Наср во третото коло од новата сезона ја забележа првата победа. Славеа со 5:0 против Ал Фатех, три голови постигна Роналдо, а два Садио Мане. Токму реакцијата на Садио Мане пред почетокот на мечот при поздравувањето со противничките играчи стана хит. Имено, Лајами игра во тимот на Ал Фатех, човек кој е брат близнак на еден од соиграчите на Мане во Ал Наср.
Мане го погледна зачудено и изгледа мислеше дека неговиот соиграч го облекол дресот на противникот.
Сепак, набрзо сфатил за што се работи и сите се смееле на се што се случувало на теренот.
Sadio Mané's reaction to meeting his teammate's twin on the opposing team 🤣
(via @AlNassrFC_EN, alawi_78s/IG) pic.twitter.com/DoQlb7nYJ7
— ESPN FC (@ESPNFC) August 25, 2023
