Еурофарм Работник ја забележа првата, дебитантска победа во Лигата на шампионите. „Фармацефтите“ пред домашната публика го совладаа тимот на Кокс со 31:30.
Стефче Алушовски по натпреварот им честита на ракометарите за победата, но исто така и го пофали и противничкиот тим.
„Очекував еден ваков натпревар, тврд и неизвесен. Натпревар кој што некако расти е суден. Најпрво да водиме во првото полувреме, а потоа во второто да го донесеме натпреварот во егал завршница. Трипати губевме и денес бевме малку посреќни и заслужено победивме.
Им честитам на моите момци за првата историска победа на Еурофарм Работник, на нашето претседателство и на Публиката во Битола. Ние сме млад тим кој што за прв пат се радува во Лигата на шампионите, се надевам не и последен, и убеден сум дека нема да биде последен.
На Кокс му честитам за извонредната игра. Немаше да биде незаслужено доколку и тие денеска освоеа бод, меѓутоа што е тука е, многу среќа во понатамошните натпревари, а на нас останува да се фокусираме на следниот противник Прешов, кој што доаѓа во недела“.