ФУДБАЛ

Алваро Мората пристигна во Шпанија и чека повик од својот агент

Шпанскиот напаѓач Алваро Мората во наредните денови најверојатно ќе го напушти Јувентус.

Мората во Јувентус настапува од летото 2020 година кога пристигна на двегодишна позајмица, а се очекуваше Шпанецот да остане во овој клуб до крајот на сезоната.

Мората на почетокот на јануарскиот преоден рок беше поврзуван со трансфер во Барселона, но тогаш Јувентус ја одби можноста да го пушти. Сепак, во претходните денови имаше голем пресврт.

Имено, Јувентус речиси го заврши доаѓањето на Душан Влаховиќ од Фиорентина, кој ќе биде големо засилување во нападот на Старата дама.

Сепак, тоа значи дека најверојатно нема да има место за Мората во стартниот состав, а Шпанецот баш и не сака да седи на клупата. Барселона сепак повторно се приклучи на приказната и јасно им стави до знаење на Јувентус и Атлетико дека го сакаат Мората.

Јувентус сега не прави никакви проблеми околу заминувањето на Мората од клубот, а според шпанските медиуми на тоа се согласил Атлетико Мадрид.

Марка денеска објави и дека Мората пристигнал од Торино во Мадрид, каде утрово имал состанок со својот агент и ќе биде во шпанската престолнина до реализација на неговиот трансфер во Барселона. Неговиот агент е во контакт со клубовите, а Мората го чека неговиот повик и веста дека се е готово.

Сепак, проблем за Барса е повторно регистрацијата на играчи, а единствено решение е Усман Дембеле да го напушти клубот или да потпише нов договор според кој ќе се согласи на намалување на платата. Доколку тоа се случи, Барселона ќе може да го пријави Мората за натпреварите од Ла Лига.

ПОВРЗАНО

Ла Лига