Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш е префрлен во нов притвор од безбедносни причини, откако беше обвинет за сексуален напад, соопштија шпанските власти.
Новиот центар за притвор има „помали станбени единици“ во кои е полесно да се гарантира безбедноста и соживотот на затворениците. Властите соопштија дека видот на криминалот за кој се товари Алвеш не бил земен предвид во одлуката за негово префрлање.
🚨 Dani Alves could be sentenced to up to 12 years in prison for sexual assault.
(Source: @marca) pic.twitter.com/uxnxAk1pY9
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 21, 2023
Алвеш помина три ноќи во друг објект во кој има 200 затвореници, а новиот објект има капацитет од 80 места, вклучувајќи осудени затвореници и оние кои чекаат судење.
Се очекува 39-годишниот бразилски фудбалер да дели ќелија со друг затвореник. Алвеш беше обвинет од 23-годишна жена за сексуален напад на крајот на декември минатата година во ноќен клуб во Бразил.
Откако ги сослуша сите странки, судот му одреди притвор на најодликуваниот фудбалер на светот без можност за кауција. Алвеш ги отфрли сите обвиненија.
