Американските фудбалери го тешеа својот ирански колега Саид Езатолахи по натпреварот во кој САД го победи Иран со 1:0 и се пласираше во осминафиналето на Светското првенство.
На Езатолахи, кој плачеше на земја, прво му пријде Џош Сарџент, а потоа му се придружија Бренден Аронсон, Деандре Једлин и Тимоти Веа, кои го прегрнаа и му шепнаа нешто.
„Мислам дека ова е повеќе од фудбал. САД и Иран имаа толку многу политички проблеми, а јас само сакав да покажам дека сите сме луѓе и дека се сакаме“, рече Веа, додавајќи:
Сакав да ширам мир и љубов, да му покажам дека го сакам како брат и на ист начин како и луѓето со кои пораснав, иако доаѓаме од различни општествени ситуации и иако пораснавме поинаку.
Претходните денови имаше многу прашања кои немаа никаква врска со фудбалот, а Аронсон вели дека ги почувствувал емоциите на неговиот ирански колега.
🇮🇷😢 Saeid Ezatolahi: O choro da eliminação#FIFAWorldCup pic.twitter.com/cQEYPF0xOr
— FutbooBR 🇧🇷 (@FutbooBR) November 29, 2022
“Тешко е. Тој ги вложи срцето и душата во тоа, одигра брилијантно и тешко е да се види тоа како колега фудбалер. Човечки е да се обидуваш да го утешиш“, вели Аронсон, кој има 22 години како Веа.
Американците во осминафиналето на 3 декември ќе се сретнат со Холандија.