Откако Маркус Рашфорд во интервју најави заминување од Манчестер Јунајтед, порачувајќи дека е подготвен за нов предизвик, одговори тренерот Аморим.Тој вели дека Манчестер Јунајтед е голем клуб и дека токму овој тим треба да биде предизвикот за него, а не некоја друга екипа. Додава дека сака да го задржи во тимот, но Рашфорд ќе мора да се докаже. На прашањето дали Рашфорд му треба на Јунајтед, Аморим со одговор:
-Се разбира, затоа што на оваков клуб му треба голем талент и тој е голем талент, така што тој само треба да игра на највисоко ниво и тоа е мојот фокус. Само сакам да му помогнам на Маркус, вели Аморим кој додава:
-Сè уште не сум разговарал со него, бидејќи вчера им дадов слободен ден на момците. Но, тој е наш играч и подготвен за следниот натпревар, вели Аморим.
Во меѓувреме англиските медиуми објавија дека пет клубови пројавуваат интерес за него. Станува збор за ПСЖ, Баерн Минхен, Арсенал, Челзи и Барселона.
