Реал Мадрид суверено се впушти во мисијата да ја одбрани титулата шампион на Шпанија и Европа.
Во Лигата на шампионите по три кола се максимални со победи над Селтик, Лајпциг и Шахтјор, додека во Примера се израмнети на првото место со Барселона со по 19 бодови.
Кралевите утре играат нов натпревар во Примера против Хетафе, но без својата главна ѕвезда Карим Бензема.
Бензема, големиот фаворит за освојување на Златната топка, која овој месец ќе биде доделена во Париз, им се придружи на белгискиот голман Тибо Куртоа и шпанскиот играч за врска Дани Себаљос на списокот на недостапни играчи за мечот со Хетафе.
Францускиот стрелец, кој неодамна се опорави од мускулен проблем, одигра два натпревари оваа недела во период од само три дена, а менаџерот Карло Анчелоти сака да го одмори овој викенд.
Бензема во петокот не учествуваше на тренинзите со соиграчите во тренинг центарот „Валдебебас“, се очекува да се врати во стартните единаесетмина на Реал за натпреварот со Шахтјор Доњецк во Лигата на шампионите закажан за вторник во Варшава. по што следува големото дерби со Барселона на 16 октомври во Ла Лига, еден ден пред Франс Фудбал да го објави добитникот на Златната топка за 2022 година.
Тибо Куртоа, кој има проблем со долниот дел на грбот, ќе го пропушти третиот натпревар по ред, додека Дани Себаљос го следи планот за опоравување од повредата на бицепсниот феморис мускул на десната нога.
Инаку, Карим Бензема е главен фаворит за освојување на Златната топка. Неодамна на интернет протече наводниот налог во трката за таа награда, а Французинот е убедливо прв.
Зад себе ги остави Мане, Виникус, Салах, Левандовски, Мбапе, Де Брујн, Модриќ и други големи фудбалери.
VINI JR. TOP 3? 🔝🇧🇷 Um suposto vazamento do que seria a lista do #BallonDor está circulando nas redes. Diz aí, achariam justo se esse fosse o resultado oficial? 👀 pic.twitter.com/S40CLCK4SB
— TNT Sports BR (@TNTSportsBR) September 30, 2022