ФУДБАЛ

Анчелоти: Евертон е клуб со богата традиција, желбите на сопствениците и раководството, ми одговараат

Новиот тренер на Евертон, Карло Анчелоти, се огласи по преземањето на клубот од Гудисон Парк.

Анчелоти го гледаше денешниот натпревар на неговиот нов клуб против Арсенал од трибините, а од следното коло можеме да очекуваме тој да биде покрај аут линијата.

По ремито против Топџиите (0-0), тој ја коментираше својата одлука да дојде во Евертон.

„Ова е одличен клуб со богата традиција и многу страствени навивачи. Постои јасна визија од страна на сопствениците и раководството да постигнат добар успех и да освојат трофеи. Тоа е нешто што ме радува како тренер”, изјави Анчелоти за англиските медиуми.

Инаку, Карло е еден од најтрофејните европски тренери бидејќи има освоено дури три Лига на шампиони, Бундес лига, Серија А, Премиер лигата, Лига 1, ФА Куп, Купот на Италија, Купот на Германија, двапати Светски куп, итн.

Тој во Евертон ја презема функцијата кога овој тим е на 15-та позиција во Премиер лигата и ќе има задача да го доближи до врвот на табелата.

Неговиот прв натпревар на клупата ќе биде против Барнли на 26 декември.

ПОВРЗАНО

Премиер ЛигаСерија АЛига на шампиони