Веќе подолго време иднината на италијанскиот техничар Карло Анчелоти е претворена во дилема, бразилската репрезентација упорно го бара „Дон Карло“, додека „галактикосите“ на Реал Мадрид не сакаат да го „пуштат“ на италијанскиот техничар, гледајќи ги фантастичните перформанси, кои Реал ги развива под негово водство.
Сепак, на прес-конференцијата одржана вчера, пред „мадридското дерби“, пред Атлетико Мадрид, Анчелоти покажа дека ќе продолжи да биде техничар на „галактикосите“, барем до крајот на договорот, кој истекува во летото следната година.
„Мислам дека ќе продолжам да бидам тренер на Реал. Прилично сум смирен, имам договор кој истекува во јуни 2024 година и сега ми останува само една работа: да победувам на натпревари“, изјави Анчелоти на прес-конференцијата.
