ФУДБАЛ

Анчелоти им објасни одредени работи на „уморните“: „Па, тие имаат 20, а не 60 како мене“

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти вечерва на натпреварот против Атлетик Билбао во Купот на кралот ќе смета на услугите на младите фудбалери Винисиус Јуниор и Родриго.

Иако во клубот пристигнаа дури по натпреварите на бразилската репрезентација, Анчелоти смета дека нема никакви пречки да се игра вечерва на Сан Мамеш.

Тој верува дека тие се доволно млади за да ги издржат напорите на два натпревари за помалку од 48 часа.

„Дали Винисиус и Родриго ќе играат во Билбао? Имаат 20 години, а не 60 како мене“, изјави Анчелоти и со тоа веројатно ги реши дилемите околу нивниот настап.

Исто така, планирано е да игра и Касемиро кој не настапи на натпреварот на Бразил против Парагвај.

„Ако сум само уморен од патот, тие ќе патуваат со нас. Можеби ќе ми треба за време на натпреварот, тие не мора да го започнат“, рече Анчелоти пред гостувањето во Билбао.

Фаворит на овој меч е Реал Мадрид со коефициент 2,50 додека за победа на Атлетик Билбао е 2,87.